Во една од низата аудио снимки што денеска ги објави Ла Верита поврзани со случајот „Рекет“, двајцата соговорници – Бојан Јовановски и Орце Камчев, си делат комплименти.
Прво, Јовановски познат како Боки 13 го фали Камчев дека бил интелигентен, говорејќи во контекст на предметот на СЈО „Империја“, додавајќи дека цела фама во случајот, според него, се дига поради тоа што е опфатен Сашо Мијалков.
-Не може да правиш како Сашо Мијалков, тоа е пичкин дим за тебе. Да не беше Мијалков во предметот и целата таа фама дигната, ништо не се случува. За мозок никој не може да ти оспори. Ако порано беше дека само се курчи и татко му направил пари, сега веќе не – вели Боки 13.
Во однос на тоа, Камчев му вели: „Шефе, Македонија треба да искористи такви луѓе како мене, како тебе. Во различни сегменти. Не да ги гази во секој поглед…“.