Камбовски: СЈО одигра една своја улога, предметите да се предадат

by fokus

Како и вчера, така и денес, во Министерствот за правда, се оддржуваат консултациите за идината на СЈО, по испратеното писмо на шефицата Катица Јанева, која побара предметите од СЈО да ги преземе републичкото обвинителство.

-СЈО одигра една своја улога, во еден, буквално да речам транзициски период, отвори низа процеси, ова е доста смело, но се разбира дека како една вонредна институција, имаше одредено траење и треба да се инкорпорира. Се претпоставува дека заедно со реформите на судскиот систем, полека се оспособува јавното обвинителство како институција во целина, ефикасно да се справува со проблемите на криминалот и високата корупција, изјави академик Владо Камбовски, кој е дел од работната група.

Камбовски додава дека и кога се формираше Специјалното јавно обвинителство, имаше временски рок до кога законски може да функционира.

-Мандатот на СЈО можеше да се продолжи доколку наследникот на Јанева се избереше три месеци пред истекот на нејзиниот мандат. Но, тоа не се направи затоа што се планираше токму Јанева да го продолжи мандатот. Кога тоа не се случи, а Јанева е приведена, со истекот на нејзиниот мандат на 15 септември, ќе се попречи работата на СЈО, затоа што според Законот за СЈО, само таа може да делегира и одзема овластувања на обвинителите во СЈО, објаснува Камбовски.

Тој го поддржува предлогот на Јанева сите предмети да завршат во републичкото јавно обвинителство.

-Државниот јавен обвинител има овластување според уставната поставеност на Јавното обвинителство која е заснована на хиерархиска субординираност, да презема предмети од други обвинителства. Тоа решение треба да се реализира и според мое мислење предметите треба да се доделат на обвинителите од СЈО, рече Камбовски.

Поврзани новости