Камбовски: Не може само професори да го прават законот за обвинителство

by Фокус

Академикот Владо Камбовски не се согласува со идејата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, шестмина професори да седнат и допрва да пишуваат нов закон за Јавно обвинителство. Тој за телевизијата 24 Вести вели дека веќе ја води работната група формирана од Министерството за правда која работи цела година токму на законот за Јавно обвинителство. Според него, нема логика шестмина професори да напишат закон кој се однесува на јавнообвинителската фела.

-Еден закон кој што се однесува на една исклучително важна фела како што е Обвинителството, не може да биде професорски закон. Мора да продолжи работата во таа работна група и секој што има предлози нека ги поднесе, таа работна група ќе се состане, таму мнозинството се професионалци кои цел живот работеле во Обвинителството. Немам ништо против предлози, тоа таму е континуирана работа – вели Камбовски.

Поврзани новости