Калиопи ќе пее во Шпанија на предевровизиска забава!

by fokus

Поп ѕвездата Калиопи ќе биде главна музичка гостинка во Мадрид, Шпанија, на седми април, на предевровизиска забава во организација на тимот Евровизија Шпанија.

Таа е најавена како големата дива на македонската музика, која победи на Скопје Фест во 1996 година, но и двојна претставничка на Македонија на Евровизија во Баку во 2012 година и во Стокхолм во 2016 година.

-Калиопи е најголемата легенда на балканската музика со долга и плодна уметничка кариера. Таа е и голем хуманитарец и ја има добиено наградата Мајка Тереза за нејзината истакната и посветена хуманитарна работа – пишува на страницата на Евровизија Шпанија.

И покрај гостувањето на Калиопи на предевровизиската забава во Мадрид, годинава Македонија нема да учествува на Евровизија.
Според организаторот МРТ, учеството е откажано поради големите финансиски трошоци кои ги повлекува Евровизија, а само котизацијата до лани изнесувала околу 40.000 евра.

Вики Клинчарова

Поврзани новости