Калин го освои Фјучерсот во Скопје: Немам зборови, фала на публиката

by fokus

Најдобриот македонски тенисер во моментов, Калин Ивановски денеска победи во финалето на ИТФ фјучрс турнирот во Скопје и го крена пехарот.

-Не знам што да кажам, немам зборови. Сакам да се заблагодарам на сите што дојдоа и што ми даваа поддршка за време на целиот турнир. Организацијата беше одлична, благодарност до сите кои во направија овој турнир голем за Македонија. Честитики и за Саша (финалистот) имаше одлична недела тука во Скопје. Одигравме одлично финале, но јасно е дека само еден може да победи. Се надевам дека повторно ќе се сретнеме, рече Ивановски по доделувањето на пехарот.

Македонскиот тенисер во финалето го совлада третиот носител Саша Гуејмард Вајенбург со 2-0 (7-6, 6-4). Со овие освоени бодови, Ивановски ќе влезе меѓу најдобрите 400 на светот и ќе го продолжи својот напредок.

Поврзани новости