Калифорнија: Трета масовна пукотница за три дена, едно лице убиено

by Fokus

Едно лице е убиено, а седум ранети во пукотница што се случи на бензинска пумпа во Оукленд, Калифорнија, соопшти полицијата.

Тоа е втора масовна пукотница со жртви во Заливот Сан Франциско во едно деноноќие и трета изминатите три дена.

Неколку часа претходно напаѓач уби седум лица со огнено оружје на две локации во предградието на заливот Халфмун. Единаесет лица беа убиени во инцидентот во градот Монтереј Парк во саботата. 

Поврзани новости