Калеска: Кога Милошоски посочи пратеник-силувач, си реков што е сега ова

by Фокус

Кога пратеникот Антонио Милошоски од говорница посочи дека некој од пратениците бил осомничен за сексуално злосторство во еден момент додека го слушав како плафонот од стаклената купола да ми се сруши и си реков што е сега ова, истакна пратеничката Снежана Калеска-Ванчева од СДСМ.

-Ако е тоа вистина, тоа е страшно, да имаме некој во пратеничка група. Кога ние се кандидираме за пратеник тогаш имаме досие дали сме осудувани, дали се водела постапка против нас. Стандардна процедура без која не можете да помислите да ви ја потврдат кандидатурата во ДИК. Извинете ама тоа не е прекршок што застарува за година дена – рече Калеска Ванчева на ТВ 21.

Поврзани новости