Мутацијата на коронавирусот со потекло од Јужна Африка потврдена и во САД

by Fokus

Медицинските власти во Јужна Каролина соопштија дека откриле два случаи на новиот вид коронавирус што првпат беше појавен во Јужна Африка, а ова се првите регистрирани случаи на оваа мутација во САД.

Станува збор за две лица кај кои е откриено присуство на мутација Б.1.351 во коронавирусот од јужноафриканско потекло, кои се чини дека не се меѓусебно поврзани. Ниту еден од нив не патувал во последно време.

Иако овој вид вирус од Јужна Африка е откриен во над 30 земји, случаите од Јужна Каролина се први потврдени во САД.

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) соопшти дека појавата на новиот заразен вид на коронавирус ја нагласува потребата од брза вакцинација за да се намали можноста вирусот да продолжи да мутира.

Поврзани новости