Калајџиев: Во нормална држава, со нормални политичари досега ќе имаше оставки

by Фокус

На специјалниот јавен обвинител треба да му се остави период од неколку недели за да формира тим од доверба, тим од обвинители и тим од истражители, рече професорот Гордан Калајџиев на дебатата “Каков специјален јавен обвинител и е потребен на Република Македонија“ во организација на ФООМ.

Според Калајџиев, во нормална држава со нормални политичари досега ќе имаше оставки на носечките фукнции.

-Премиерот ме изненади со тоа дека се ќе му даде на јавниот обвинител. Не му верувам зашто не заслужил како и многу други. Не вовлекуваат во ненормални ситуации. Се надевам дека некој ќе одговара, ова е проблематично, од аспект на практиката е чудно. На ниеден адвокат не му успеало во оваа фаза, чудно е какво се заведени тие предмети со број, тоа се предмети во рана фаза, кога има проверки. Чудно е како адвокатот успеал да ги издвои предметите од сите други. И не знаеме дали само тој има поднесено вакво барање, има многу туку чудни работи кои треба да се испитаат, исклучиво и роковите, и што е до сега направено – истакна Калајџиев.

 

Поврзани новости