Какво ќе биде времето во наредните пет дена?

by fokus

Денес е вторник, 15 ноември 2016 година, 320-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:18, а ќе зајде во 16:17 часот. Денот ќе трае 9 часа и 59 минути.

Уште едно студено утро со утрински температури кои се под просекот за овој период од годината. Во утринските часови имаме умерено облачно време со услови за сончеви периоди, додека пак во дел од југоисточните предели и сончево време.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија по студеното утро со појава на слаб мраз поради ниските утрински температури кои ќе се движат од -6 до 2 степени, во текот на денот претежно сончево време со локална облачност. Иако претпладне во поголем дел од Македонија се очекува умерено облачно време, попладне разведрување и претежно сончево време. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер. Максималните температури ќе се движат од 2 до 11 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови умерено облачно и студено време. Претпладне облачноста ќе се намалува па попладне се очекува претежно сончево време со локална облачност. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од -1 степен, додека пак максималната дневна до 7 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во среда поладно утро и појава на умерен мраз со утрински температури кои ќе се движат од -8 до 0 степени. Во текот на денот претежно сончево време и благ пораст на максималните температури кои ќе се движат од 3 до 12 степени. Во четврток претежно сончево со локална облачност и потопло време. Утринските температури од -3 до 4 степени, додека пак максималните од 8 до 17 степени. Во петок сончево и потопло време со утрински температури од -2 до 5 степени, а дневните од 9 до 18 степени. Во сабота во утринските и претпладневните часови претежно сончево, попладне зголемување на облачноста, а максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 8 до 17 степени.

Weather4all.com.mk

Поврзани новости