469
Односите меѓу Русија и САД се на историски најниската точка и нема надеж за нивно подобрување, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
-Билатералните односи сега, за жал, се веројатно на историски најниска точка и нема надеж за подобрување во догледна иднина, рече Песков.
Според него, се забележува засилување на конфликтот во Украина, а Западот е посветен на заблудата дека Киев може да постигне успех на бојното поле.
-Конфликтот навистина се развива во нагорна линија. Гледаме зголемено индиректно, а понекогаш и директно вклучување на земјите од НАТО во овој конфликт, рече Песков.