„Каква порака дава судството со притворот за студенти?“

by Фокус 19:33
19:33

Шарената револуција денеска стигна и до Кривичниот суд Скопје. Демонстраните од Собранието се упатија кон Судот, каде говор држеа повеќе адвокати и правници. Тие порачаа дека мора да се стави крај на селективната правда и прашаа каква порака испраќа судството кое во притвор става студенти кои се борат за права.

Пред Судот се обрати и мајката на студентот Борјан Ефтимов кој е во триесетдневен куќен притвор. Таа апелираше до Судот да суди според законот за правдата да победи.

- Advertising -

-Денеска стојам пред вас со крената глава и горда на мојот син. Сите родители кои од дома не поддржувате, излезете на протест и охрабрете ја нашата младина, рече мајката на Борјан.

Пред да се упатат кон Владата, демонстрантите фрлија и неколку балони со боја кон зградата на Судот.

sudd suddd

 

Поврзани новости