KO GOD UBIJE JEDNOG NEVINOG ČOVJEKA, KAO DA JE UBIO CIJELI SVIJET. – “Zbog toga smo Mi propisali sinovima Israilovim: ako neko ubije nekoga ko nije ubio nikoga, ili onoga koji na Zemlji nered ne čini – kao da je sve ljude poubijao; a ako neko bude uzrok da se nečiji život sačuva, – kao da je svim ljudima život sačuvao. ” (Kur’an, Al-Ma’ida, 32)
пишува Агим Јонуз
Еден новинар кој не сакам да му спомнувам име ме праша дали сме слични на Босна и дали и кај нас може да се разгори пламенот на омразата? ДА! Се додека има кретени како него а и многумина ( од двете страни) кои воопшто не се свесни за тежината на последиците доколку не бидеме разумни. Не само светот, туку и ние ( како дифолт) сме лесно запалива роба. ‘’Док си реко’ кекс’’! Македонија е раскрсница на цивилизации. ‘’Check point’’ на истокот и западот. Колку кретени ( подвлекувам, од двете страни) шетаат по улица кои сметаат дека во име на бога се одзема туѓ живот? Слепи сме? Не, не сме слепи туку сме кукавички задскриени зад своите јата затоа што така се чувствуваме по безбедни! Бладам? Лажам? Дали Македонија може да биде Босна? Бетер! Зошто? Еве зошто!
Како прво, религиозните институции се толку исполитизирани, што Бог кога би фатил да крои право од криво, ни ‘’С’’ од Синод не би останало, ниту ‘’И’’ од ИВЗ! Далеку од тоа дека нема умни и разумни, реални духовници, ама тие се стаени по некои канцеларии да ставаат печат кога треба да се плати бензин по мерцедесите. Среќен сум што познавам и оџи и попови кои имаат разум и бога во себе. На улица, функционалноста на нашата разединетост не бира начин и средства да си го контролира гласачкото тело. Имаме национални наместо граѓански партии. И? Што ви кажува тоа? Разединетоста на демосот како ткиво има сериозен проблем. Религијската раздвоеност. По автоматиам, се што не е христијанско е ‘’шиптарско’’ ( зборувам за оние слоеви на кои толку им црпи тиквата). А ГИ ИМА КОЛКУ САКАШ! Трагедија! Обратно,.. се што не е муслиман е ‘’ КАУР’’! Страшно! Отиде у ваздух Лешочкиот манастир? Се пепелоса прилепската џамија? Да набројувам понатаму? Што ви кажува тоа. Ние сме предиспонирани за лудило! Господ да чува и голман да брани. Освен ‘’лудило’’, нема друга дефиниција за нашата предиспонираност многу лесно да влеземе во несакан филм. Во чии раце е воланот што вози кон иднината?
Jавачите на апокалипсата имаат нов постер!
Како прво, преагресивната кампања во светски размери против ИСИС ( сосема оправдана) го подели самиот исламски свет на оние кои за и во име на Аллах вршат терор и убиваат невини луѓе и на оние кои го бранат исламот како мирољубива религија ( на која и се приклонувам). ‘’Инсталирачите’’ на новиот светски филм сосема добро и студиозно знаат дека во мали, сиромашни, свесно примитивни, лесни за манипулација држави оваа нова формула функционира ‘’бонбона’’ што би рекол еден новинар кој не е свесен за тежината на изречената јавна реч. Дали полуписмен народ знае што е нов светски поредок, дали знае што е ЦИА, КГБ, МОСАД, дали полупримитивен полусвет знае што се механизми на создавање хаос од кој треба да се излезе со нови математики? Не е секој писмен што знае да чита и пишува! И баба ми знае, ама не знае дека можеби ( не тврдам, де) дека некаде иљадници миљи далеку некој со бурбон и пура во рацете само бројат жртви и додека некој закопува свои најмили, тие најмили се за некого само бројка во ‘’Excell’’ табела? Јавачите на апокалипсата имаат нов постер! На постерот нема сабји, има само лаптопи и некакви дугмиња за кои само тие знаат што значат. И, .. нема коњи. Има само ‘’Хамери’’.
Македонија има два избора. Таа нема крстопат. Има ‘’ќорсокак’’ и табела ‘’лево или десно’’ на крајот од улицата. Еден пат води кон подигање на севкупната политичко религиозна свест и агресивна работа на терен за да не се дозволи лудило без потреба кое ке фрли ‘’ фира’’ човечки животи. Друг пат води кон пропаста. Каква? Подобро да не знаете! Гледате слики од Газа? Од Бејрут? Од Багдад? Таму мајките немаат чувства,.. браќата?..сестрите? Крстоносните војни се детска игра во споредба со тоа што може да го задеси балканот по квантум на крвопролевање ако се дозволи религијските разлики да бидат повод. Да земеме еден пример. Удриш ли по муслиманското, нема веќе тука ‘’шиптари, миптари’’! Линијата по која ѓаволот ( шејтанот) ке игра твистиген е вертикална. Босна, Санџак, Косово, Македонија. И обратно! Удриш ли по христијанско, ‘’оп’’ ете го Путин со паролата ‘’ко вас то тамо дира’’. Каде води тоа? Води у п…. лепу материну!!!
Јавно обраќање до оџите и поповите во Р. Македонија
Заборавете дека народот е поделен на ‘’турско и каурско’’. Вие сте се образувале токму за да му објасните на овој народ дека сите сме деца божји од крв и месо, смртници, малечки пред пораката на бога дека животот ни е даден за да градиме а не да рушиме. Агресивно како никогаш до сега фрлете се на работа да му објасните на секој со вжештена глава дека монотеизмот подразбира дека имаме сите еден ист, единствен и сеопшто наш Бог! Дајте се на работа за тоа што сте платени. Дајте се на работа да му објасните на народот дека екотот на камбаната или езанот од минарето е повик на – молитва. Повик на мир, повик на понизност пред божјата сила која ке не казни сите еден ден па бил ти шиптар или комита. Оставете ги политиките и политичарите да цркнат у тие усрани фотељи печалејки на поклиците за нешто свето за кои ни самите не знаат што е светост. Како вели Тоше Проески во песната ‘’цреша’’? ‘’ Ех, да можат, би го продале бога, но на нив само еден ке им суди’’. Познавам духовни луѓе кои се немоќни пред инструментите на ЦИА, КГБ, МОСАД да се поиграат со чувствата на човештвото. Со најсветото. Со религијата. И за крај, иако звучи шеговито, смртно сериозно ке цитирам еден мој ептен близок пријател, ( ВЛАДИКА), кој ја заслужува мојата братска љубов од се срце како позитивен човек. Прав духовник.
Вели, понекогаш го молам бога Господ веднаш и сега нека ги однесе сите политичари директно во рајот. Нека им даде се,.. што им душа сака, нека уживаат,… само да се тргнат од овде,… за да – не сметаат да си живееме убаво. Се е кажано. Респект братче.