Демократски сојуз е подготвен да партиципира во нов политички блок

by Фокус

„Врз основа на широка расправа низ партиската база, како и консултации со голем број на граѓански асоцијации, политички партии, експерти, како и симпатизери на ДС, Централниот совет на Демократски сојуз одлучи, на претстојните парламентарни избори да настапи самостојно.

Ние како Демократи и како Сојуз, сметаме дека имаме доволно знаење, идеи, искуство, правдољубивост, храброст и спремност со нескриен и недвосмислен став да се соочиме со сите политички собитија, предизвици за денешницата и   иднината.

Демократскиот Сојуз  е отворен за соработка со сите кои застапуваат вакви ставови, европски вредности, за сојуз со поединци, со други политички партии и граѓански асоцијации.

Демократскиот Сојуз е подготвен да партиципира во НОВ ПОЛИТИЧКИ БЛОК,  на обединувачки платформи  и сметаме  дека само обединувањето,  а не поделбите   ќе добијат  најголема поддршка од граѓаните.

Демократскиот сојуз усвои ПЛАТФОРМА ЗА ВИСТИНСКИ РЕФОРМИ и промени во Република Македонија, која ќе биде основа за Изборната програма,  а која е резултат на консултации со бројни експерти, граѓански асоцијации, бизнис групации и идеи и сугестии од голем број на граѓаните“ се вели во соопштението од ДС.

Поврзани новости