Како Скопје остана без струја – дефектен далекувод во Бунарџик направи пожар во Пинтија

by fokus

Дефект на далекувод во економската зона Бунарџик го остави вчера цело Скопје без струја на половина час, покажуваат првичните информации од МЕПСО за тоа што се случувало вчера со електричната мрежа во Скопје, кога беа регистрирани два дефекта и два пожари, едниот во Бунарџик, а другиот во Пинтија.

Од МЕПСО за Фокус објаснуваат дека дефектот на далекуводот во Бунарџик предизвикал пожар во трафостаница во Пинтија бидејќи тој далекувод бил поврзан со трафостаницата во Пинтија.

-Струјата на куса врска, на далекуводот за Бунарџик, на кој има дефект, може да достигне до 1.000 пати поголема вредност од струјата во нормална напонска состојба. За да се прекине таа струја, треба да се исклучи напојувањето. Таа се исклучува со помош на прекинувачи од двете страни на далекуводот.

Кога има таква ситуација, иако кратко, доволно ако на некое место има слабост, влага, магла, пареа од загревање да се пробие воздушната излација и да настане прескок кон земја. Тоа е највероватно причината што ја запалила сувата вегетација. Така се појави пожар на место оддалечено од дефектот, под истиот дефектен далекувод, објаснуваат од МЕПСО за Фокус.

Дефектниот далекувод предизвикал пожар во трафостаницата во Пинтија и цело Скопје остана без Струја.

– Вчера се соочивме со дефект на излаторска верига на 110кВ ДВ Скопје4-Бунарџик. Од дефектот исклучува прекинувач воТС Скопје4(Пинтија), на далкуводот.

Во исто време реагира заштитата на трансформаторите 400/110 кВ, од кои на 110кВ напонско ниво се напојуваат сите 110кВ трансформатоски станици во Скопје, а со тоа и цело Скопје. Заштитата на трансформаторите како најскап елемент во трафостаницата е осетлива со цел да ги штити трансформаторите од оштетување од надворешни куси врски. Последниве две години се правеше реконструкција на трафостаницата со замена на високонапонска опрема, нова заштита и СКАДА.

Новата дигитална заштита е поосетлива и може да кажеме дека ова беше тест за нејзино брзо реагирање, секако ќе треба да се преподесат одредени заштити за подбра селективност, објаснуваат од МЕПСО.

Директорот на МЕПСО, Орхан Муртезани за Фокус објаснува дека до доцните саати се работело на отстранување на дефектот на далекуводот Бунарџик и во 03:30 отстранет е дефектот, со што жителите на Бунарџик како и индиструската зона добија напојување со електрична енергија.

Тој денеска формирал работна група која треба да испита детално и да изготви извештај за тоа како се сличил дефектот.

Вчера цело Скопје и околината останаа без стрија на половина час, но дел од околните општини останаа без струја и доцна во ноќта додека се санираше дефектниот далекувод во Бунарџик.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости