Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против М.Х (47) од Скопје, која во својство на шеф на кабинетот во Дирекцијата за заштита и спасување ја злоупотребиласлужбена положба и овластување
Според МВР, пријавената во 2008, 2013, 2014 и 2015 година изготвила и издала „Овластување за одржување, сервисирање и испитување на противпожарни апарати“ и „Овластување за одржување и сервисирање на стабилни инсталации за откривање, јавување и гаснење на пожари и откривање на експлозивни смеси“ на правни лица од Гевгелија и Валандово, како и Потврди за положен стручен истит на повеќе физички лица вработени во правните лица.
„Услов за стекнување на овластувањата и потврдите бил да и биде даден паричен надомест. Дел бил уплатен на нејзина сметка, а дел и бил даден на рака. На тој начин М.Х. се стекнала со материјална корист, а на штета на Дирекцијата за заштита и спасување – Скопје“, информираа од полицијата.