538
Нелегалното прислушување било забележано од лице вработено во УБК кое прибавило дел од транскриптите и дел од аудио записите од незаконски следените комуникации, рече Фатиме Фетаи, обвинителка на СЈО на денешната прес конференција на која беа изнесени детали за предметот „Таргет“.
Потоа , лицето кое ги зело прислушуваните материјали, ги предало на друго лице кое ги дало на трето лице, кое пак, како што објасни Фетаи, му ги доставило на лидерот на една политичка партија.
– Една од последиците на незаконското прислушување е потешка повреда на правата на лицата кои биле следени на ваков начин. Дел од овие лица најавија оштетно побарување– рече Фетаи.