810
Како не ви е срам во ДПМНЕ !? Концесијата на рудникот во Иловица е доделена од влада предводена од ДПМНЕ и Груевски на кој токму во тој период советник му беше Христијан Мицкоски, реагира преку Фејсбук статус, потрпетседателот на СДСМ, Стефан Богоев.
-Општините Ново Село и Босилово (со градоначалници од ДПМНЕ) имаат гласано ЗА отворање на рудникот. И денес вие ќе морализирате, ќе лажете и ќе се “борите” против рудникот кој вие го дозволивте!? Ќе зборувате за штета од милијарди евра поради одлука која вие сте ја донеле!? Ние продолжуваме на страна на граѓаните и ќе ве разобличуваме во вашите лаги и манипулации ‼️, напиша Богоев.