Пред околу две недели македонскиот премиер Димитар Ковачевски сними видео во кое му дава поддршка на сега веќе поранешниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.
Видеото беше објавено на Јутјуб на канал на Ѓукановиќ, но видеото од скоро стана недостапно, односно тимот на доскорешниот црногорски претседал истото го избришал од каналот.
Во видеото Ковачевски велеше:
-Почитуван Мило, ја имате поддршката од Социјалдемократскиот сојуз на Северна Македонија и од македонските социјалдемократи. Ви посакувам успешна кампања, мирен изборен ден и победа на претседателските избори во недела. На овој начин Црна Гора ќе остане на вистинскиот пат, а што би рекле моите драги црногорски пријатели – МИЛО, него кој“, се наведуваше во видео пораката за поддршка од Ковачевски.