Како ќе изгледа новата бугарска влада?

by Фокус

Победникот на парламентарните избори во Бугарија, Промените продолжуваат, ќе има 10 министерски места во новата бугарска Влада, меѓу кои премиерот Кирил Петков и двајца вицепремиери – Асен Василев и Калина Констнтинова, кои ќе бидат и министри за финансии и за административна реформа.

Според бугарските медиуми, Промените продолжуваат ќе ги има и министерствата за образование и за внатрешни работи, а се очекува актуелните привремени министри Николај Денков и Бојко Рашков да ги задржат своите досегашни позиции.

Министер за одбрана, пак, би требало да биде преодниот премиер Стефан Јанев, кој од 12 мај на чело на двете преодни влади. Покрај тоа, партијата треба да ги „земе“ и транспортот, културата и здравството.

Што се однесува до досегашното Министерство за економија, тоа се очекува да биде поделено на две – едното ќе биде за раст и иновации, а другото ќе раководи со државните предпријатија. На позицијата министер за раст и иновации треба да застане Даниел Лорер од ПП, а другото ќе биде предводено од лидерската на Социјалистичка партија Корнелија Нинова.

Исто така, БСП ќе ги добие и министерствата за земјоделство, туризам и социјална политика. Партијата на Слави Трифинов – Има таков народ, пак, би ги добила Министерството за надворешни работи на чело со Димитар Гардев, како и за енергетика, спорт и регионален развој.

Последниот коалициски партнер во новата бугарска влада – Демократска Бугарија, треба да ги добие Министерството за правда (Надежда Јорданова), за е-Влада и дигитализација (Божидар Бојанов) и за екологија (Борислав Сандов).

Поврзани новости