Денеска во парламентот актуелно е носењето на нов закон за јазици, кој го поддржуваат владините партнери СДСМ и ДУИ, но жестоко се спротивставува опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Но, дел од прислушуваните разговори што ги објави Зоран Заев како опозициски лидер во 2015 година откри како тогашните коалициски партнери Никола Груевски и Али Ахмети договарале закон за јазици, но и амнестија на хашките случаи преку парламентот, по парламентарните избори во 2011 годида, пред да биде изгласан новиот владин кабинет.
Еден од разговорите меѓу Груевски и тогашната координаторка на пратеничката група на ДПМНЕ, Силвана Бонева, открива како партијата што денес се спротивставува на законот тогаш сакала да ги истурка овие непопуларни закони веднаш и набрзина, за после на раат да го тераат мандатот.
Разговор помеѓу Силвана Бонева и Никола Груевски
СБ: Ало.
НГ: Ало.
СБ: Претседателе, добра вечер.
НГ: Ало, Силвана што правиш?
СБ: Читам нешто весниците, два дена не сум видела, па ги собрав сите, да видам да не испуштам нешто..
НГ: Еј Силвана, вечерва со ДУИ завршивме.
СБ: Конечно.
НГ: Конечно.
СБ: Е браво.
НГ: Е сега од утре почнува маката. Имплементација.
СБ: Имплементацијата, а!?
НГ: Да, така да наредни 7-8 дена ќе бидат тешки за нас многу. Мој избор е тоа да бидат веднаш, а не да чекаме после септември-октомври. Тоа што сме превзеле негативно да го истуркаме сега.
СБ: Веднага да биде. И најубаво, летото сега…
НГ: Веднаш, и да сме на раат после цел мандат. А?
СБ: Летото сега и после цел мандат да бидеме на раат.
НГ: Не летото, до следната недела да се заврши. После кога ќе дојде владата да се бира, тоа да е више завршена работа.
СБ: Ааа, Аха.
НГ: Владата околу 25-ти ќе се бира у Парламент. А ова да речеме од утре ќе почне, задутре да речеме. Утре ќе се поднесат, задутре ќе се дискутира.
СБ: За јазиците ќе оди?
НГ: До кај понеделник, најкасно вторник другата недела да се заврши приказната. Гласање-масање и …
СБ: Во вторник веќе имаме седница, мислам.
НГ: Да има, ама ова е сега приоритет. Ќе се поместува, ќе се прави, за да ова завршат овие.
СБ: Да де да.
НГ: Значи три закони има многу…
СБ: Да.
НГ: Што се вака за нас да речеме проблематични. Односно два закони и едно толкување.
НГ: Толкувањето е за хашките…
СБ: Мхм.
НГ: …да бидат амнестирани…
СБ: Да, да ги опфати Законот за амнестија, така ли?
НГ: Да ги опфати Законот за амнестија.