Откако најлонските ќеси кои во продавниците до први декември се даваа бесплатно или чинеа по 1 до 2 денари почнаа да се продаваат по цена од 15 денари, тоа кај различни категории граѓани предизвика различни реакции и секоја реакција зависи од гледната точка. Па така:
За сиромашните граѓани најлонските ќеси сега изгледаат ексклузивни како да се торби од „Луј Витон“
За богатите дополнителниот трошок од 15 денари по ќеса е патетичен и не е достоен ни за презир
За оние кои ги паметат раните ’90-ти тие ги потсетуваат и на другите нешта од тоа време
За тие кои се навикнати на нив, сега од таа зависност која стана скапа тешко ќе се одвикнуваат
За Владата ова е уште еден начин да се исцеди и измолзе некоја пара плус од граѓаните
За газдите на маркетите ова е вин-вин, оти или не мора да дават гратис ќеси, или скапо ќе ги наплатат тие што ќе ги продадат
За екологистите оваа мерка е чекор на патот кон посветла иднина
А реално, иако загадувањето ќе се намали со мерката, тоа е само капка во море.