Интернетот e главен систем кој го користат криминалците и тероризмот

by fokus

Насилниот екстремизам претставува најексплоатираната база за терористичко делување. Затоа од огромна важност е воочување на потребите и причините што можат да доведат до оваа појава, бидејќи ваквите состојби претставуваат закана за просперитетот, владеењето на правото, развојот на модерното општество и севкупната регионална стабилност.

Oва го истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во своето видео-обраќање на денешната меѓународна конференција на тема „Сеопфатен пристап во борбата против транснационалниот тероризам: глобални предизвици и одговори на тероризмот“, која што ја организираше Американскиот Универзитет на Европа – ФОН , заедно со Корот на карабинерите, како дел од активностите за имплементација на твининг проектот на Европската Унија.

-Потребен е сеопфатен пристап за борба против терористичките напади. Мораме да го прекинеме циклусот со рано откривање на потенцијалните закани со тоа што ќе знаеме какви активности да преземеме за да се бориме против споменатите напади и ќе сфатиме дека сите ние имаме голем удел во борбата против тероризмот, рече во своето обраќање Паоло Воленте, претставник од Корот на карабинерите.

Зборувајќи на темата „Интелигенција со отворен код“ Франческо Ди Џузепе од Корот на карабинерите истакна дека интернетот стана главниот систем кој криминалците и тероризмот го користитат за комуникација и пренесување информации, како и материјална поддршка за планирани терористички акти, од кои сите бараат специфични технички знаења за ефективна истрага за овие дела.

Генералниот директор на АЕУ – ФОН Сефер Цаноски на почетокот на конференцијата изрази жалење за загинатите сограѓани во сообраќајната несреќа во Бугарија, при што заедно со останатите присутни изразија почит кон настраданите со едноминутно молчење.

-Теодор Рузвел рекол-Направете што можете, со она што го имате, каде што се. Во овие тешки времиња на пандемијата и во овој свет на брзи промени во кој денеска живееме, ние универзитетите имаме обврска да ја задржиме не само вековната улога која ја имаме да креираме и да пренесуваме знаење, туку и да ги подготвиме нашата професорска, студентска и општествена заедница за новите предизвици кои ги носи денешното време на дигитализација и глобализација, истакна во своето обраќање Цаноски.

Ректорот на Американскиот Универзитет на Европа – ФОН, Мирко Трипуноски, потенцираше дека Универзитетот со денешната конференција дава конкретен придонес во развојот на капацитетите на националните безбедносни служби и вештините за борба против организиран криминал и тероризам, како и во развојот и примената на алатките кои се неопходни за решавање на меѓународните безбедносни предизвици под покровителство и во соработка со ОН, НАТО, ЕУ и ОБСЕ.

Поврзани новости