Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска нагласи дека најбрзо до членство во ЕУ ќе се дојде само доколку има јасен израз на политичка волја за силни реформи без импровизации од страна на земјите од Западен Балкан, но и јасна политичка волја и од страна на државите членки на Унијата.
– Само доколку има јасен израз на политичка волја за силни реформи од страна на државите од Западен Балкан и сите Влади и тоа без импровизација, а од друга страна за тоа да има ефект и за да може навистина да имаат политичка тежина тие реформи, мора да има јасна политичка волја од страна на државите-членки на ЕУ, исто така искрено и без импровизации, да дојдеме до точка на членство што побрзо, рече Маричиќ на конференцијата на тема „Интензивирана соработка: Обновениот Берлински процес и иднината на регионалната соработка во Југоисточна Европа“ во организација на Фондацијата Фридрих Еберт.