379
Граѓаните кои вчера се обидоа да протестираат пред Јавното обвинителство, обвинуваат дека се соочиле со провокатори кои се обидувале да предизвикаат инцидент.
Тие истакнуваат дека додека се собирале пред зградата се појавил човек кој почнал да реагира, дека не можел да помине од насобраните демонстранти и почнал кавга. Сомневајќи се дека станува збор за уфрлен провокатор, демонстрантите се обиделе да ја смират ситуацијата, па една девојка од толпата му подала 200 денари, нудејќи му да си земе такси и да стигне до посакуваната дестинација. На овој начин обидот на провокаторот бил пресретнат од демонстрантите.