Пејачот Даниел Кајмакоски за време на снимањето на емисијата „Твоето лице звучи познато“ со рацете покажа двоглав орел, кој е симбол на албанското знаме.
По ваквиот потег, цела Србија се крена на нозе, додека пак од продукциската куќа „Емоушн“ сметаат дека нема ништо спорно во тоа.
„Нашето шоу е од забавен карактер и не дозволуваме пропаганда на било какви политички симболи и пораки. Да помислевме дека тука станува збор за тоа, веднаш ќе реагиравме“, велат од продукциската куќа за српските медиуми.
Од друга страна, Кајмакоски за Информер истакна дека не знаел што покажува со рацете.
„На фотографите им ги покажував своите лакирни нокти. Немав поим дека тоа е албански знак. Македонец сум, никогаш тоа намерно не би го направил“, додаде Кајмакоски.
Фото – Дамир Дервишагиќ