Еквадор во хаос, 100 уапсени, претседателот ја повлече владата од главниот град (ВИДЕО)

by Fokus 15:45
15:45

Стотици луѓе се уапсени за време на протестите поради покачување на цената на горивото во главниот град на Еквадор, а претседателот ја повлече владата од Кито во крајбрежниот град Гвајакил.

Претседателот Ленин Морено изјави дека нема да се откаже од зголемувањето на цената на горивото и ги обвини своите противници за обид за пуч, пренесе Би-би-си.

- Advertisements -

Претходно, демонстрантите, предводени од домородните жители ги блокираа патишта.

Во телевизиско обраќање, Морено истакна дека нема да толерира нереди ниту ќе се откаже од укинувањето на субвенциите за гориво.

Тој го обвини претходникот Рафаел Кору и венецуелскиот претседател Николас Мадуро дека стојат зад „планот за дестабилизација“.

Еквадорскиот министер за енергетика објави дека активностите на три нафтени полиња во регионот на Амазон се прекинати поради напади на неидентификувани групи, со што производство е намалено за 12 проценти.

Поврзани новости