Поп пејачот Даниел Кајмакоски (33) и неговата сопруга Кристина Димитријеска добија син. Радосната вест пејачот ја сподели со јавноста на својот Фејсбук профил, а породувањето поминало во најдобар ред во болницата Санте Плус.
„Отсекогаш сакав да бидам млад татко! Со оваа реченица ме запозна целиот Балкан и денес ми се оствари мојата животна желба. Ви го претставувам мојот син Давид Кајмакоски! Радоста не може да се опише со збор“ – напиша Кајмакоски и прикачи неколку фотографии од новородениот син.
Тој и Кристина, која што е поранешен модел, речиси две години ја криеја својата врска од јавноста. Минатото лето склучиле граѓански брак, а пред неколку месеци обелоденија дека очекуваат син.
Даниел се здоби со популарност во 2013 година, кога се појави во регионалното музичко шоу „Икс фактор Адриа“ каде што ја освои победата. Ја претставуваше Македонија на Евровизија 2015 со песната „Лисја есенски“ сними дует со Жељко Јоксимовиќ и уште неколку синглови потоа.
Поради приватните настани, направил пауза во кариерата, а набргу планирал да започне со снимање на нови материјали.
Вики Клинчарова