Кај Железничката станицата Зелениково пронајден човечки труп

by Fokus

Кај Железничката станицата Зелениково, во правец кон Велес, во близина на шините, вчера бил пронајден човечки труп.

-Вчера во 9:42 часот во СВР Скопје, Т.Г., вработен во Македонски железници, пријавил дека на еден километар по Железничката станицата Зелениково, во правец кон Велес, во близина на шините, пронашол човечки труп, се наведува во полицискиот билтен.

По наредба на јавен обвинител, телото ќе биде предадено за обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости