Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, вели дека е погрешно протолкуван кога зборувал за успесите на премиерот, Зоран Заев, паралелно со постигнувањата на југословенскиот претседател, Јоспи Броз Тито. Тој денеска беше прашан дали се уште стои на ставот дека Заев е како Тито.
-Не го споредив со Тито, туку кажав дека моите родители се гордеат што живееле во времето на Тито и дека ќе дојде време кога ние ќе се гордееме што сме го решиле спорот за името. Тоа ќе ни отвори просперитет, иднина, прогрес за сите млади, за да можат да споделуваат европски вредности – рече Каевски на денешната прес конференција заедно со премиерот.
Неодамна на дебата на ТВ21, Каевски изјави: Кога ќе ги прашам моите каде се чувствувале најмногу признаени и каде им било најдобро, тие велат во времето на Јосип Броз Тито, а ќе дојде време кога ние ќе кажуваме на нашите деца и внуци дека живеевме во времето на Зоран Заев кој го реши деценискиот проблем.