Претседателот на Еквадор: Британија ми вети дека нема да го екстрадира Асанж во земја каде му се заканува смртна казна

by fokus 14:32
14:32

Велика Британија гарантирала дека основачот на „Викиликс“, Џулијен Асанж, нема да го екстрадира во земја, каде би можел да биде мачен или осуден на смртна казна, рече претседателот на Еквадор, Ленин Морено, во видео обраќање, откако британската полиција го уапси Асанж и го извлече од амбасадата на Еквадор во Лондон.

-Водејќи се од нашите силни заложби за човекови права и меѓународно право, побарав од Велика Британија да гарантира дека Господинот Асанж нема да биде екстрадиран во земја каде би можел да се соочи со тортура и смртна казна. Британската Влада ми го потврди тоа написмено, во согласност со нивните закони – рече Морено.

- Advertisements -
Banner NISSAN_Okt_300x250

Тој претходно изјави дека Еквадор одлучил да му го укине азилот на Асанж затоа што повеќе пати го прекршил протоколот и меѓународните конвенции.

Асанж се наоѓаше во амбасадата на Еквадор од јуни 2012 година.

Поврзани новости