Каевски: На лидерската ќе стане јасно дали Мицкоски е за ЕУ

by Фокус

По 17 години чекање, нашата држава ги започна преговорите за членство во ЕУ, го спроведува успешно скрининг процесот кој наскоро ќе финишира, рече Дарко Каевски од СДСМ.

Тој на прес конференција истакна дека нмаме историска шанса, со силна поддршка од ЕУ и САД, да го продолжиме европскиот пат и да реализираме уште една стратешка цел – полноправно членство во ЕУ.

-Одговорност пред граѓаните и иднината на земјата имаат сите 120 пратеници и политичките партии, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ. Изборот е интеграција во ЕУ или изолација. Нема друга опција ниту шанса да добиеме подобар договор од овој што го имаме. А видоа граѓаните како изгледа изолација од 2006 до 2016 година, заробена држава без перспектива, режим, уназадена земјата која не напредува – рече Каевски.

Според него, Христијан Мицкоски стои пред одлука: дали ќе ја поддржи македонската иднина во ЕУ или ќе го следи патот на неговиот претходник Никола Груевски.

-Груевски 11 години го блокираше евро-интеграцискиот пат на Македонија кон ЕУ за на крај да избега од државата соочен со одговорност за криминалот. Со денови Мицкоски молчи за неговата одлука. Но, ќе почекаме до лидерската средба да видиме дали тоа што јавно го говори ќе го каже и таму. Веќе следната недела ќе стане јасно дали Мицкоски е дел од блокот на ЕУ или останува во антиевропскиот блок со Левица – порача Каевски.

Поврзани новости