Каевски: Мицкоски е на потег да направи државнички чекор

by Фокус

Големата и значајна одлука на германскиот Бундестаг за поддршка на членството во ЕУ и признание за македонскиот јазик, идентитет, култура и посебност потврди дека вистинските државнички политики на СДСМ даваат резултат, рече денеска на прес конференција Дарко Каевски од СДСМ.

-Благодарение на овие државнички политики на СДСМ имаме силна меѓународна поддршка за членството во ЕУ и признаен македонски јазик, идентитет, посебност и култура. Лагите на ДПМНЕ и Левица за наводна бугаризација, асимилација, дека ќе сме го изгубеле идентитетот и што ли уште не повторно се потопени – рече Каевски.

Од друга страна, додаде тој, уште еднаш го покажа вистинското лице на Христијан Мицкоски и ДПМНЕ и нивната, како што рече, неспособност.

-Освен хистеријата и блокадите, Мицкоски и ДПМНЕ немаат ништо, буквално ништо направено ниту за државата, ниту за македонскиот иденитет. Мицкоски е единствениот кој не лобирал за Резолуцијата во германскиот Бундестаг. Тој не може ништо да издејствува позитивно за земјата, за граѓаните, ниту за македонскиот народ – истакна Каевски.

Тој порача дека Мицкоски има избор дали ќе одбере да не прави ништо како и досега или сепак ќе направи дражвнички чекор.

-Мицкоски е на потег – рече Каевски.

 

Поврзани новости