Уште на самиот почеток кога ја формиравме новата влада, се посветуваме на борба против криминалот и неселективна правда, како еден од главните постулати на работењето на новата Влада во наредните четири години, рече пратеникот на СДСМ Дарко Каевски на Канал 5.
-Смешно и невкусно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за криминал за корупција и неселективно постапување. Граѓаните на изборите на ВМРО-ДПМНЕ му дадоа сериозен црвен картон и лекција, која не ја научиле и продолжуваат со деструктивност, популизам и лаги – рече Каевски.
Според него, оваа влада ќе покаже дека државата е сервис на граѓаните, најавувајќи го четвриот пакет антикризни мерки.
-Сите, а пред се младите очекуваат да работиме силно на воспоставување на правда, како и економски мерки, граѓаните сакаат сигурна иднина во нашата земја, тука е НАТО и ЕУ, ќе се отворат фондови, сакаат да ја доживеат Европа во нашата држава, а тоа ќе го постигнеме и со зголемување на платите и со намалување на невработеноста – порача Каевски.