Каевски: Фејсбук-профилот на Мицкоски е извор на лажни вести

by Фокус

Оваа Влада од 2017 година се залага за голема транспарентност и отчетност, правдата да важи за сите подеднакво и секој што се огрешил пред законот да одговора, истакна пратеникот на СДСМ Дарко Каевски. Тој посочи дека голем број релевантни институции потврдиле дека профилот на Христијан Мицкоски е извор на лажни вести.

-Држава сме во која се делува, има полициски акции, се затвараат криминалци, нема пардон за ниту еден криминалец, нема селективна правда. Ние мораме да направиме јасна разлика меѓу извршната и судската власт, да ја вратиме довербата на граѓаните во судството, да ја оставиме судската власт да носи пресуди, да отвора истраги – рече Каевски на Канал 5.

Тој истакна дека луѓето кои на 27 април 2017 година влегоа во Собранието и посегнаа по животите на пратениците не можат да се наречат уставобранители.

-Впрочем, видовме кои беа мотивите за влегување во Собранието на одредена група, според мене изманипулирани од ВМРО-ДПМНЕ, за да останат на власт, за највисокото раководство да се спасат од прогонот – нагласи Каевски.

Во врска со шестиот пакет мерки, Каевски рече дека се очекува дека следната недела ќе влезат во собраниска процедура.

Поврзани новости