Кадровски промени во Програмскиот совет на МРТ

by Fokus

Програмскиот совет на Македонската Радиотелевизија избра нов претседател, соопштија од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). На последната седница пред новогодишните празници Советот ја разреши досегашната претседателка Снежана Клинчарова, а на нејзино место ја избраа Смилка Јанеска-Саркањац.

„Професорката на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) Јанеска-Саркањац е член на Советот предложена од интеруниверзитетската конференција. По изборот на Саркањац, досегашната претседателка Клинчарова во знак на револт усмено најавила оставка од членството во Програмскиот совет“, пишува во соопштението на ЗНМ

Од Здружението додаваат дека е разрешен и досегашниот заменик претседател на Советот Агим Лека, а на негово место е избран членот на Советот предложен од ЗНМ, главниот и одговорен уредник на дневниот весник Коха, Ведат Мемедалиу.

Поврзани новости