Кадиров не е добро, или му откажуваат бубрезите или е отруен?

by Fokus

Азмат Матијанов, новинар од Казахстан, извести дека чеченскиот лидер Рамзан Кадриов наводно има сериозни проблеми со бубрезите.

Пред неколку дена се појави информација дека лидерот на Чеченија е во многу лоша физичка состојба и дека има големи здравствени проблеми, најверојатно бубрежни, а потоа оваа информација ја пренесе и Матијанов.

Познатиот нефролог со триесетгодишно искуство, Јасин Ибрахим Ел Шахат веќе пристигнал во Грозни од ОАЕ, објавија руските медиуми.

Ахмед Закаев, претставник на кабинетот на министри на Ичкерија во егзил, тврди дека Кадиров бил болен долго време, па дури и станал зависник од дрога. Тој го привлече вниманието со фактот дека шефот на Чеченија беше многу активен до неодамна. Сето тоа благодарение на енергетските апчиња кои наскоро ќе се почувствуваат.

Други извори пишуваат дека Кадиров наводно бил отруен, а бидејќи на московските лекари не им се верува, тој решил да повика нефролог од ОАЕ.

Кадиров го пропушти годишното обраќање на Путин во Федералното собрание на 21 февруари годинава поради болест.

Поврзани новости