Под силно полициско обезбедување, чеченскиот лидер Рамзан Кадиров го ожени својот 17-годишен син. Во Грозни, главниот град на Чеченија беше организирана прослава, а за свадбената поворка непречено да помине низ градот, улиците беа комплетно испразнети. Строго било забрането да се снима свадбената веселба.
The Chechen opposition media outlet "1ADAT" published a video of the wedding motorcade of Ramzan Kadyrov's eldest son, 17-year-old Akhmat.
Local residents were not allowed to film the motorcade. Before the wedding, law enforcers went around roadside houses warning of the ban. pic.twitter.com/P1x76Vqw0M
— NEXTA (@nexta_tv) March 6, 2023
Сепак, на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа колона луксузни автомобили.
Рускиот претседател Владимир Путин лично му ја честиташе венчавката на Ахмат Кадиров(17), едно од 14-те деца на Рамзан Кадиров.
Сопруга на Кадиров помладиот наводно ќе биде Тамила Махматова, но за невестата не се знае баш многу.