Авторитарниот водач на Чеченија Рамзан Кадиров изјави дека го назначил својот 16-годишен син за надзорник на школата за обука на чеченските специјални сили во Гудермес.
Адам Кадиров (16) стана озлогласен минатата година во август, откако на интернет беше објавена снимка на која тој го тепа рускиот тинејџер Никита Журавел, кој беше уапсен поради палење на Куранот, пишува Радио Слободна Европа.
Видеото кое го објави неговиот татко Рамзан Кадиров, познат и како „кучето на Путин“, предизвика осуда, додека Кадиров тогаш изјави дека е горд на својот син и дека го почитува бидејќи стекнал „идеали за чест, достоинство и одбрана на својата вера“.
По инцидентот, тој беше опсипан со награди и почести, вклучително и една за „значаен личен придонес во зајакнувањето на исламот и одбраната на неговите вредности“.
Минатата година Адам Кадиров беше назначен за главен телохранител на неговиот татко и назначен за набљудувач на новиот стрелачки баталјон.