Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров повторно се осврна на состојбата во Украина и порача дека Русија во следниот период ќе ја промени тактиката кога станува збор за спроведувањето на така наречената специјална воена операција.
На неговиот официјален канал на Телеграм Кадиров објави видео во кое се гледа како разговара со чеченскиот командант Магомед Даудов додека пред нив се наоѓа одредена мапа која е цензурирана.
-Ќе преминеме на нова тактика во специјалната операција против Украинците. Нема повеќе да се занимаваме со нив. За сите детали разговарав со командантот на Оперативниот штаб на Чеченската Република, Магомед Даудов, вели Кадиров во видеото.
Потоа, тој испрати уште едно предупредување до Украинците.
-Непријателот наскоро ќе се соочи со најтешките последици од новиот план за одмазда. Сите наши претходни дејствија сега ќе им изгледаат како детска шега. Ви остана уште малку време за одмор, после ќе биде многу, многу лошо. Само оние кои оваа порака ќе ја третираат како нељубезна постапка за себе ќе имаат среќа и ќе донесат заклучок за својот спас, заклучи тој.