„Каде сте, хубави?“, им вели Пендаровски на Борисов и Брнабиќ

by fokus

Видеото каде претседателот Стево Пендаровски се поздравува со бугарскиот премиер Бојко Борисов, се прошири вчера на социјалните мрежи и порталите, но беше погрешно интерпретирано од дел од медиумите.

Под влијание на српските новинари што ја пренесоа веста, нашите портали напишаа дека Пендаровски му се обраќа на Борисов со „љубави“, што не е точно. Пендаровски, како што не информираше, кога ги забележал Ана и Бојко и решил да им се придружи, всушност на бугарски јазик им вели „Каде сте, хубави?“.

На средбата во Сараево на Самитот на шефови и држави и влади на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа, претседателот му пренесе и поздрави на Борисов од премиерот Зоран Заев, по што бугарскиот премиер му рече „Седи тука при нас бре“.

Инаку, Борисов го пофалил Пендаровски дека добро го познава бугарскиот јазик.

Поврзани новости