Каде летуваат македонските политичари?

by lali 15:26
15:26

Ставрески својот одмор ќе го искористи за посета во Индија кај стариот му пријател Субрата Рој.

Јанкуловска откако дозна дека Голи Оток ќе го правеле туристичко место, се реши оваа година парите да не ги троши туку да чека за следната кога ќе се отвори таа туристичка атракција.

- Advertisements -

Тито Петковски.. ќе летува.. кој би го интересирало Тито Петковски каде ќе летува?

Бонева несоменено е во Бугарија а Заев за да докаже дека не вози луксузни коли, тргнал со автостоп кон Грција. Ама во возила постари од 2013 година не се качувал.

Шилегов оваа година нема никаде да оди, тужбите му го изедоа буџетот за одмор.

Остатокот и голем дел од опозицијата се таму кај што е и Бранко, се вели дека најголема сенка држел.

Жерновски сигурно ќе оди на планина затоа што нему рацете му се врзани па ќе не може да плива. Коце е на градска плажа, само таму можел да најде мир од градската врева.

Иванов е на Анска река а од Пендаровски не слушнавме ни глас, па гарант заминал на Хималаите.

Боцевски е на крстарење, сакал неколку места да посети наеднаш.

Наводно Шиповиќ ќе летува на Водно, а Спасов е со неговите во Асамати.

Ахмети нема од што да се замори, па не ни одмара. Тачи е во Јапонија. Талат медитира на Тибет.

Тодор Петров е во Грција, ама во македонскиот дел.

Стевчо на викенд во Белград и спиење во Врање а Ѓорчев во Аква Парк со целата фамилија.

Амди Бајрам летува и слави на Јупитер, затоа што уште таму не бил.

 

Како и да е, на сите споменати, а и не споменати политичари им посакувам убави и безгрижни летни одмори затоа што и така во Македонија нема што да прават, многу е топло за протести и сечење ленти.