Каде ја поминал новогодишната ноќ опозиционерот Навални?

by Fokus

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој е во затвор во Русија речиси две години, изјави дека новогодишната ноќ ја поминал во дисциплинска ќелија, што е уште еден пример за заострување на неговите услови за притвор.

Во порака испратена до неговите адвокати и објавена денеска на социјалните мрежи, Навални рече дека управата на затворот, на околу 200 километри од Москва, одлучила на 31 декември да го осуди на 15 дена во дисциплинска ќелија поради кршење на прописи.

Рускиот опозиционер рече дека му замериле што едно утро станал во 5 часот и 24 минути и ја завршил утринската тоалета, односно 36 минути пред време, бидејќи се станува во 6 часот.

– И така ми ги уништија плановите да поминам супер дочек на Новата Година со чипс и конзерва риба што ги оставив на страна, изјави Навални.

Поврзани новости