Каде ја грешиме?

by lali

Така ќе научиш каде и зошто си згрешил. Но, наместо тоа, голем број од нас се бранат со погрешен став, само за да ја оправдаме грешката што сме ја направиле. Е, тука ја грешиме. Тешко е да признаеме дека сме погрешиле, зашто мислиме дека е многу полесно да најдеме начин да се оправдаме отколку да признаеме.

Треба да бидеме чесни и чисти кон себе и да сфатиме дека не сме сезнајни, не сме непогрешливи. И не е точно сѐ што знаеме, ете, барем тоа треба да го знаеме. Не се лутете и карајте кога други ве поправаат, прифатете ги грешките и учете од нив. Така се напредува, така се надградува, така се осознава. Повеќе за себе и подобро за другите.

 

Еднаш еден пријател ми кажа нешто кое јас само ќе ви го пренесам во контекст на муабетот: „Големината на човекот не е во тоа да докаже дека е во право, туку да признае дека греши.“