Јасно беше дека се додека началникот е во мермерната палата, нема враќање на власт. Тука е монструозноста на планот. Не само што испланира наводен „судир Мијалков – Мицкоски“, туку и начин како каменот „началникот“ да го стави на вратот на Заев. Дефинитивно врв режисер. За таа цел, началникот нареди во секое скопско кафуле да се „збори“ дека тој е шајка со Американците, дека поддржува промена на име, дека е во дослух со Заеви, дека е шајка со Заеви и имаат заеднички бизнис, дека многу му е лут на Мицко и ќе го симне за кратко. Така судирот „ескалираше“ и демек Мијалков беше избркан од членство во ВМРО ДПМНЕ.
Пишува Петар БОГОЈЕСКИ, политички и граѓански активист Многу сте збунети, знам. Не можете крај со крај да најдете, знам. Затоа ова Ви го пишувам, драги граѓани на македонската Република. Ако се сеќавате ВМРО ДПМНЕ ја изгуби власта. Првото прашање (цел) после тоа беше, како да се спасат шефовите од одговорност, второто беше како да се врати на власт. Секако дека задачата да се направи планот за тоа, беше доверена на мастер режисерот со презиме слично на еден генерал и војвода во ВМРО. Се направи свот анализа. Силна страна секако слепи поддржувачи, лојални до гроП и на залиха многу, многу пари. Слаба страна лош имиџ на партијата по три основи – проруска ориентација, криминално поведение на началникот и диктаторско владеење на спасителот. Режисерот како и секогаш, осмисли пеколен монструозен план. Повелете дел од него. Прв чекор итна промена на лидерот Груевски и замена со хард лојален војник како Мицкоски. Тешко му падна тоа на Никола, ама работата се заврши. Немаше друг избор. Само што новиот „лидер“, непланирано испадна лош глумец во улогата што му ја додели режисерот. Следен чекор чистење на етикетата – проруска опција. Тоа беше возможно само со промоција на реформаторите за „интегрирани“, со што „започнале реформите“, а партијата фатила курс прозапад. Дополнето со промоција на две момчиња, со мазни газиња и добар англиски, да се пуштат по амбасади и да донесат „наклонетост“ на дипломатите. Завршено. Непланирано излезе отпорот на реформаторите кон глумата наречена „интеграција“, со што планот се измени, а прозападниот курс пропадна. Се крпи некако со младите момчиња, ама не ја бива работата сеуште. Ориентацијата си останува до денес. Криминално поведение на началникот е рак рана. Ама началникот не е суетен, туку прагматичен. Сериозно ја прифати улогата на „бунтовник“ во ВМРО ДПМНЕ, доделена од режисерот. Јасно беше дека се додека началникот е во мермерната палата, нема враќање на власт. Тука е монструозноста на планот. Не само што испланира наводен „судир Мијалков – Мицкоски“, туку и начин како каменот „началникот“ да го стави на вратот на Заев. Дефинитивно врв режисер. За таа цел, началникот нареди во секое скопско кафуле да се „збори“ дека тој е шајка со Американците, дека поддржува промена на име, дека е во дослух со Заеви, дека е шајка со Заеви и имаат заеднички бизнис, дека многу му е лут на Мицко и ќе го симне за кратко. Така судирот „ескалираше“ и демек Мијалков беше избркан од членство во ВМРО ДПМНЕ. Благодарение на нас, опозиционерите кои по ниту една цена не сакаме враќање на грујовизмот, таа епизода не успеа, а ретко кој поверува во „кавгата Мицко – Сашо“! Но успеа каменот „началникот“ да му го врзат на врат на Заев. Следно беше фазата „сите сме исти“ криминалци. Доказ за тоа беа „сведоштвата“: началникот е со Заев, скаран со Орце, па Заев го мрази Орце, па аферата Рекет со екипата од Бугарија и Боки 13… мижи Асан да ти баам… и се така заедно во еден кош, да се уништи СЈО, Катица да го „крка“, а да прекине прогонот за шефовите на фамилијата… нели тоа беше цел број 1. Тоа сериозно се реализираше. Тоа го можеше само кралот на прагмата – началникот, кој наводно исплукан од завалија патриотите од ДПМНЕ, но си ја заврши успешно својата улога. Никој друг не можеше. Секогаш мисли камиларот, но мисли и камилата. Непланирано за режисерот, предметите од СЈО ги презема ОЈО, па работите излегоа од контрола. Мицкоски по наредба од газдите, направи се што можеше тоа да го спречи, ама не го бива. Не успеа како и секогаш. До денес Мицкоски залудно се бори да ја спречи правдата, тоа му е приоритетна задача, тоа му е улогата во филмот, а не враќање на власт. Ама слаб глумец избраа. ЈБГ! ДВАЈЦА ОД ШЕФОВИТЕ СЕ СКОРО СПАСЕНИ, СПАСИТЕЛОТ И РЕЖИСЕРОТ, НО НА ТЕРЕН ОСТАНА НАЧАЛНИКОТ Спасителот е исто проблем за режисерот, ама тој не е како началникот, прагматичен и исполнителен. Тој е ултра суетен и не прифаќа да биде виновен „за промена на името“. Демек Мицко се скарал со Грујо поради тоа, па сега ВМРО ослободено од груевизам и реформирано, оди напред. Не, не и не. До ден денес, Груевски суетно кажува НЕ! Тоа не е единствена главоболка на режисерот со спасителот. Проблемот е кај овие лојалните до гроП. Што ќе им кажат на нив, како да ги прешалтаат жедни преку река, кога до ден денес 80% од членовите на ВМРО ДПМНЕ го поддржуваат спасителот, а не новиот. Тој новиот едвај 5% собрал во 4 години. Режисерот е на мака до денес, никако не може да го тргне Грујо од вратот на Мицко. Проба бегството на Груевски да го пакетира како договор со Заев, па демек Мицкоски сведочи за тоа, демек Мицкоски благо му е лут на Никола… не поминува тоа. Тоа благото е проблем. Од една страна совесни граѓани кои гледаат дека овие нешто матат, од друга страна верните до гроП, кои доколку благото стане кисело, ќе го фрлат Мицето од осми кат зашто го предал спасителот. Да не знае човек кој пат да го фати. Уште се тука заглавени. Прогонот продолжи, паднаа неколку измеќари, двајца од шефовите се скоро спасени, спасителот и режисерот, но на терен остана началникот. Поминаа избори, а Мицкоски пак ја утна. И тука утна. Веднаш се активираше втора сезона од истиот филм со работен наслов – како да се спаси началникот. Се засили „судирот Мијалков – Мицкоски“, но и „љубовта Мијалков – Заев“. За тоа да помине се ангажираше цела армија. Мијалков бара оставка од Мицкоски, па „организира конгрес“, па кажува се најлошо за Мицко, па „добива поддршка“ од странците за акцијата, па Заев ќе „помогнел на суд“… и т.н. и т.н. многу детали… но епизодата помина. Овој пат решивме сите да молчиме, да оставиме да видиме до каде ќе одат. Веќе народот е 100% убеден во војната помеѓу началникот и новиот. Дека Заев е замешан во епизодата и дека е прв другар со Мијалков. Но режисерот имаше друга задна епизода, не да падне Мицкоски, туку да се спаси началникот. Така „акцијата Конгрес“, послужи да се маскира „евакуацијата на началникот“, а бидејќи му го ставија на врат на Заев, вината за тоа паѓа на него. Монструозно, генијално… секоја чест за режисерот. Сега Оли нека отвара гепеци и нека тресе на пресконференции. Резултат после 4 години. ВМРО ДПМНЕ настрада од овие филмови. Заев е на власт втор мандат. Спасено е „светото тројство“ на фамилијата, Груевски, Мијалков и Протугер, што значи целта бр. 1 е целосно исполнета. Може има малку нешто, ама ќе го досредат. Останува цел бр. 2, а тоа е враќање на груевизмот на власт. Тука планот оди согласно договор. Заев си го доби со евакуација 1 и 2 и со рекет 1 и 2, власта е пред паѓање. Останува само уште еден проблем, за да се врати груевизмот на власт. Но за тоа во следна прилика… премногу да не Ви дојде. Да не се разбереме погрешно, тука не го штитам Заев, туку го најдувам целосно виновен и одговорен за сето ова. Во ова писание сакав фокусот да биде на „каде е началникот“, за работите да Ви станат појасни. Немој да се секирате, човекот е на сигурно. Жалам само за душичките кои поверуваа во „нов претседател на ВМРО ДПМНЕ“, „кавгата Мијалков – Мицкоски“, „вината на Катето и Боки“, „љубовта Заев – Мијалков“, „поддршката на странците“, „чистиот Никола“… а тој пак жали за попусто арчените пари од дечурланата во мермена палата. Кога ќе се создадат услови, началникот се враќа на осми кат, а спасителот ќе мава клоци на секој спрат со ред. А Мицкоски? Тој е тука само да слуша!
|