Успешно завршена обука на осудените лица во проектот „Креирање можности за работа за сите“ во КПУ Затвор Скопје

by Fokus

Во изминатиот период во КПУ Затвор „Скопје” со поддршка на Управата за извршување на санкции, а во соработка со програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) и Министерството за образование се одржа обука за стручно оспособување на осудените лица во дрво преработувачката  дејност. Обуките се одржуваа  во столарската работилница при КПУ Затвор „Скопје” од страна на професори од стручниото средно училиште „Ѓорѓи Димитров”.

Ова е од исклучителна важност за осудените лица кои во изминатиот период се стекнаа со знаење и практични вештини околу дрво преработувачката дејност  и можност повеќе за конкурентност на пазарот на труд. Воедно ни преставува особено задоволство што обуки од ваков вид  и во услови на пандемија успешно се реализира, и нешто за што сме убедени дека ќе биде позитивна пракса во наредниот период. По повод успешно спроведената обука и обучување на осудените лица во рамки на проектот „Креирање можности за работа за сите“ денес во управата на КПУ Затвор Скопје свечено беа доделени Уверенија за успешно завршена обука на осудените лица. Уште еднаш како установа сакаме да упатиме голема благодарност на сите учесници во проектот, особено голема благодарност кон професорите од СГУС „Ѓорѓи Димитров“ кои несебично се дадоа и ги споделија својте знаења за да имаме една успешна приказна која со задоволство ќе ја раскажуваме и во годините кој доаѓаат.

Поврзани новости