Претседателот Ѓорге Иванов нема да се сретне со еврокомесарот Јоханес Хан, бидејќи во Македонија се враќа доцна вечер, информираат од неговот кабинет.
Од таму велат дека Иванов се што имал веќе му пренел на Хан, односно дека останува на ставот дека нема да го даде мандатот за формирање на нова влада, без претходна осуда и отфрлање на албанската платформа.
– Претседателот Иванов своите ставови веќе му ги соопшти на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на нивната последната средба на 10 февруари 2017 година и тие остануваат непроменети. Претседателот Иванов јасно и недвосмислено порача дека нема да определи мандат, без претходна јавна осуда и отфрлање на платформата од Тирана, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот.
Неговиот термин во агендата на европските дипломати, Иванов им го отстапил на претставниците на здружението „За Заедничка Македонијa”, кои протестираат против платформата.
-Добро е еврокомесарот да се запознае со аргументите и причините поради кои македонските граѓани протестираат повеќе од дваесетина дена, велат од кабинетот на Иванов