Ќе се потрошат уште 3 милиони евра за новиот изглед на Владата?

by fokus

Поточно, денеска на сајтот на Бирото за јавни набавки, Владата објави оглас со кој бара заинтересирани компании кои во новиот објект ќе извршат градежни работи за ентериерното уредување на Кулата 6.

Во огласот, како проценета вредност, без ДДВ, е наведена сума од речиси 3 милиони евра, но по склучувањето на договорот ќе биде познато колку точно пари ќе се потрошат за оваа намена. Исто така во огласот се наведува дека фирмата, победничка на тендерот, адаптацијата ќе треба да ја заврши во рок од четири месеци.

Неодамна за објектот на Владата беа потрошени и 1,2 милиони евра за изградба на тераса, која ќе служи за свечени приеми и коктели. Покрај терасата, беа издвоени и 500.000 евра за адаптација на внатрешните простории, додека, пак, новата барокна фасада чинеше над 9 милиони евра.

Поврзани новости