Најверојатно во Скопје на дваесетина хектари ќе се градат странски болници чии услуги во првите десет години нема да бидат достапни за граѓаните од Македонија и од Косово. Ова е предвидено со новиот Закон за здравствени зони кои денеска во Скопје го промовираше министерот Никола Тодоров.
– Сакам да напоменам дека здравствените услуги во зоната нема да бидат достапни за граѓаните на Македонија и на Косово во првите десет години со цел да не предизвикаме нелојална конкуренција кај веќе постоечките болници кои ги немале овие поволности кога започнале со работа – изјави министерот откако најави низа поволнисти за странците со кои ќе се намамат да инвестираат во Македонија.
Како што објасни Тодоров овој „интересен концепт“ го има во Дубаи, Јужна Кореја и од наскоро во Турција.
Повеќе за овој проект можете да чуете од видеото од пресконференцијата на Тодоров на Нова ТВ.