Ќе ја зацврсти ли моќта Ердоган?

by Фокус

Во Турција денеска се гласа на најтесните парламентарни избори во земјата по повеќе од една деценија.

Изборите ќе утврдат дали владеачката Партија на правдата и развојот (АКП) основана од страна на претседателот Реџеп Таип Ердоган, може да освои мнозинство и со тоа да го промени уставот на земјата и да ја зголеми моќта на Ердоган.

Освојувањето на мнозинството може да зависи од про-курдската Демократска партија на народот (ХДП) која треба да ја надминат пречката од 10 процемнти потребна за влез во турскиот парламент. Анкетите на јавното мислење ја ставија партијата околу тоа ниво. На нивниот изборен митинг на 5 јуни во Дијарбакир се случија експлозии при што пет луѓе загинаа, а 200 беа повредени.

Поврзани новости